Лице лажно се претставувало како полицаец и изнудувало пари од граѓани на Струга, Охрид и Кичево – ММС
ММС

Објавено на: 05/17/21 12:27 PM

Лице лажно се претставувало како полицаец и изнудувало пари од граѓани на Струга, Охрид и Кичево

СВР Охрид презема мерки за лице кое деновиве преку телефонски јавувања кај граѓани од Струга, Кичево и Охрид, лажно се претставувало како полициски службеник и вршело измама за наводна случена сообраќајна незгода во која жртви или тешко повредени се членови на неговото семејство.

Користејќи ја огромната вознемиреност и емпатија, лажниот полицаец се обидувал да изнуди и финансиски средства за понатамошна постапка, известуваат од охридската полиција и апелираат до граѓаните да не наседнуваат на вакви телефонски повици и истите да ги пријават на 192 или лично во најблиската полициска станица.