Голема е веројатноста дека и следната година сите ќе мораат повторно да се вакцинираат против ковид-19, смета шефот на германскиот Советодавен комитет за вакцинација од институтот „Роберт Кох“ – Берлин, вирусолог Томас Мертенс.
Во моментот не постои податок кога ќе ни треба дополнителна „бустер доза“, здравствените експерти ќе мора да почекаат уште неколку месеци за да видат дали заштитата од вирусот е послаба кај одредени групи луѓе – изјави докторот за германски Funke, пренесува новинската агенција АП.
Според вирусологот вирусот нема да не’ пушти и вакцинацијата која е во тек, нема да биде последна.
-Во принцип мора да се подготвиме за можноста дека секој ќе мора да се имунизира и следната година – посочува Мертенс.
Инаку, во Германија речиси 30,4 милиони луѓе односно 36,5 отсто од популацијата примиле најмалку една доза вакцина. Статистиката според пресекот до петок покажува дека над 9 милиони или 10,9 проценти од популацијата се веќе и ревакцинирани.
Фото: PrtScr / swr.de
Извор: telegraf.rs


