Бил Гејтс се истражувал за интимна врска со вработена во корпорацијата – ММС
ММС

Објавено на: 05/17/21 8:04 AM

Бил Гејтс се истражувал за интимна врска со вработена во корпорацијата

Мајкрософт Корп спроведе истрага за вмешаност на ко-основачот Бил Гејтс со вработена пред скоро две децении, откако во 2019 година е информирана за неговиот обид да започне романтична врска со таа личност. Ова денеска го пишува Блумберг, додавајќи дека Одборот го разгледал ова прашање и спровел „темелна истрага“ со помош на надворешна адвокатска канцеларија.

-Истрагата не дојде до заклучок  затоа што Гејтс се повлече од функцијата пред да биде завршена. Мајкрософт доби загрижувачки вести во втората половина на 2019 година дека Бил Гејтс се обидел да започне интимна врска со вработена во компанијата во 2000 година“, пишува во соопштението на Мајкрософт.

„Комитет на Одборот ја разгледа оваа информација и со помош на надворешна адвокатска канцеларија, спроведе темелна истрага. Во текот на целата истрага, „Мајкрософт“ обезбеди голема поддршка на вработената, која ја зголеми загриженоста “.

Dow Jones претходно соопшти дека директорите на „Мајкрософт“ сметаат оти вмешаноста на Гејтс со вработената жена е несоодветна и минатата година одлучиле дека тој мора да се повлече од Управниот одбор, повикувајќи се на луѓе запознаени со ова прашање, чии имиња не беа објавени.

Сепак, истрагата нема да има завршница, бидејќи Гејтс се сам се повлече, а минатата недела беше објавено дека се разведува од неговата сопруга, Мелинда Гејтс.

 

Блумберг