Се сруши трибина во синагога на Западниот брег, повредени 60 лица – ММС
ММС

Објавено на: 05/16/21 8:07 PM

Се сруши трибина во синагога на Западниот брег, повредени 60 лица

Десетици луѓе се повредени денеска кога се сруши трибина во синагога на Западниот брег, објавија медиумите.

Аматерското видео покажува дека трибината паднала за време на вечерашните молитви во Џиват Зеево, близу Ерусалим, на почетокот на еврејскиот празник Шавут.

Стотици луѓе се собрале во синагогата.

Израелската итна помош соопшти дека околу 60 лица се повредени, од кои десет се во сериозна или критична состојба.

Инцидентот се случи неколку недели по стампедото на верска прослава во северен Израел, кога беа убиени 45 ултра-православни Евреи.

Foto-religija.mk

rs.n1info.com