Против пролетниот умор, подгответе си пролетна шарена салата – ММС
ММС

Објавено на: 05/16/21 4:56 PM

Против пролетниот умор, подгответе си пролетна шарена салата

Никогаш не можете да погрешите со сезонскиот зеленчук, па затоа измешајте сè што имате во еден подлабок сад и добивате енергетска салата која успешно ќе се избори со пролетниот замор.

Шарена салата

Потребни состојки:

  • 1 врзувалче рукола
  • 1 мала црвена зелка
  • 2 млади моркови
  • Неколку листови зелена салата
  • 1 топче моцарела
  • 3 тврдо варени јајца
  • Неколку тенки листови пршута
  • Ротквици
  • 2 лажици сок од лимон
  • Маслиново масло
  • Сол, бибер
  • Подготовка:Зеленчукот добро измијте го и исечкајте го на ситни парчиња. Морковот може да го изрендате. Моцарелата и јајцата исечете ги на коцки. Зачинете, промешајте и на крај декорирајте со листовите пршута.
  • извор-црнобело.мк