Сања Лукаревска е избрана за заменик-претседателка на СДСМ. Така одлучија делегатите на денешниот 26.конгрес на партијата.
Со 682 гласа „за“ и два „против“, конгресот го изгласа предлогот што го даде партискиот лидер Зоран Заев. Лукаревска е избрана за негова заменичка, по повлекувањето на Радмила Шекеринска, која беше на оваа позиција во два мандати, почнувајќи од 2013 година, кога и беше воведена функцијата .