Б.К., кој повремено го посетувал пунктот за бездомници на Црвениот крст во Скопје, вчера бил пронајден починат на улица „Македонија“.
Случајот во СВР Скопје го пријавила Итната медицинска помош во 10:15 часот.
МВР соопшти дека по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.