Заев: Ние не сме проблем ние решаваме проблем – ММС
ММС

Објавено на: 05/16/21 1:54 PM

Заев: Ние не сме проблем ние решаваме проблем

Предложени се 120 кандидати за членови на Централниот одбор и девет кандидати за членови на Надзорниот одбор до конгресот на СДСМ.

„Следува обновување на досегашната кадровска понуда на партијата, охрабрување на различно мислење, но и градење на СДСМ за новото време. Од овие 120 кандидати, 60 се жени, 60 се мажи, а 45 се млади. Покрај целосно еднаква застапеност на жените и мажите, имаме и 37,5 проценти застапеност на младите. Две-третини се нови членови на Централниот одбор и Надзорниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија“, рече денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев во своето обраќање на 26. изборен конгрес на партијата.

Тој посочи дека новата политика ќе се реализира преку пет клучни столба.

Прво, преку обновување на досегашната кадровска понуда на СДСМ.  Второ, ангажирање на сите можни капацитети во борба против корупцијата и криминалот.

„Трето, охрабрување на различно мислење, и почитување на туѓи ставови. Четврто, градење на СДСМ за новото време. Млад СДСМ, прв во промените. Петто, поттикнување, подигнување на мотивацијата на нашите граѓани, на целиот наш народ. За реализација на сите овие столбови сметаме на членството, на новот партиско раководство, но и на сите човечки капацитети за СДСМ уште подобро и уште попосветено да им служи на граѓаните и државата, додаде Заев.

Со овој пристап, како што рече, во наредните четири години СДСМ ќе продолжи да биде одлучувачка сила, која носи државнички одлуки.

„Воведовме етички кодекс и нов мерит систем на функционирање на партијата, со што се мери успешноста на секој функционер назначен од СДСМ и се врши еволуација на постигнатото на градоначалници, функционери, претседатели на општинските ирганизации и највисокото раководтсво на СДСМ. Ја пишавме црвената боја како своја боја. Боја на социјалдемократијата, на левицата, боја на слободата. Денес, социјадемократското семејство брои над 80 илјади членови и постојано расте, додаде Заев во обраќањето.

Посочи дека се формирани нови општински организации, и денес СДСМ  е единствена партија во земјава која има локална организација во сите општини во државата.

Лидерот на СДСМ потенцираше дека проектот „Парите назад кај граѓаните“ ја прави суштинска разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи претходно, цели 11 години парите завршуваа кај неколкумина во власта, во барок, споменици и криминални тендери.

Нашиот белег како партија беше и сè уште е – никогаш да не калкулираме со политичкиот рејтинг кога станува збор за националните прашања. СДСМ се вложи во целост и го поведе народот кон решавање на повеќедецениските прашања кои ја загрозуваа иднината на земјата, истакна премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на денешниот 26. конгрес на партијата.
Во своето обраќање, Заев рече дека преку Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија, државата ја потврдила искрената добрососедска намера кон сите соседи.

Подготви-В.Кр