Филипче: Термини за вакцинирање добија сите граѓани над 40 години од Скопје кои се пријавија на веб-страницата – ММС
ММС

Објавено на: 05/16/21 12:31 PM

Филипче: Термини за вакцинирање добија сите граѓани над 40 години од Скопје кои се пријавија на веб-страницата

Министерот за здравство Венко Филипче денеска преку својот фејсбук профил информира дека термини за вакцинација добиле сите граѓани над 40-годишна возраст од Скопје, кои до 30 април изразиле желба за вакцинирање преку веб-страницата „www.vakcinacija.mk“.

Како што посочува министерот, во текот на следните три дена и од останатите градови во земјава, термини за вакцинирање ќе добијат граѓаните над 40 годишна возраст, кои до крајот на април изразиле желба за вакцинирање преку оваа веб-страница.

Филипче информира дека од вчера почна и вакцинација на пациентите со дијализа и со трансплантација.

-Од вчера почна вакцинацијата и на пациентите кои се на дијализа, како и пациентите со трансплантација. Имунизацијата во државата се одвива со засилено темпо, најлесен начин да се вакцинирате е со пријавување на www.vakcinacija.mk,пишува Филипче на Фејсбук.

фото-фб