СДСМ на онлајн конгрес ќе бира заменик-претседател и членови на Централниот и Надзорниот одбор – ММС
ММС

Објавено на: 05/16/21 9:38 AM

СДСМ на онлајн конгрес ќе бира заменик-претседател и членови на Централниот и Надзорниот одбор

Социјалдемократскиот сојуз денеска на онлајн конгрес треба да избере заменик-претседател на партијата, членови на Централниот одбор и членови на Надзорниот одбор.

По конгресот следуваат состаноците на кои ќе се бираат потпретседателите на партијата, генералниот секретар, организациски секретар, секретар за меѓународна соработка, Извршниот одбор на партијата, односно управното раководство.

Во моментов, заменик-претседател на Социјалдемократскиот сојуз е Радмила Шекеринска, генерален секретар на СДСМ е Љупчо Николовски, а потпретседатели Мила Царовска, Оливер Спасовски, Коста Петров и Мухамед Зеќири.

Вчера, премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев не сакаше да говори за тоа кој би се нашол во новото раководство. Партијата, рече тој, е отворена за нови луѓе, а во новиот конгрес влегуваме со нови политики.

Тој најави дека денешниот ден партијата ќе го почне со Извршен и Централен одбор, каде што ќе се оформуваат предлозите и, како што посочи, веројатно ништо нема да се знае се до 10 – 11 часот кога ќе почнат првите состаноци.

Oфицијално 26 Конгрес на СДСМ ќе започне во 13 часот.

Дигиталниот Конгрес на СДСМ ќе се одржи преку електорнска платформа Зум (ZOOM), заради заштита на здравјето на граѓаните, делегатите, медиумските работници и со целосно почитување на мерките и препораките за зашитита од Ковид 19.

Конгресот ќе го отвори ќе го води претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

МИА