Апсење во Крушево – Нападната шумска полиција од дрвокраци – ММС
ММС

Објавено на: 05/15/21 4:44 PM

Апсење во Крушево – Нападната шумска полиција од дрвокраци

Приведени две лица во Крушево, дрвокрадци нападнале шумска полиција, информираат од министерството за внатреши работи.

– На 14.05.2021 околу 10.30 часот на место викано „Чешма“ во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево ги лишиле од слобода Б.К.(53) и неговиот син В.К.(21), двајцата од Крушево, затоа што со пила и остар предмет се заканувале на шумочувари, вработени во ЈП „Македонски шуми“ – Крушево, при што Б.К. повредил еден од нив. На наведеното место шумочуварите ги затекнале приведените при транспорт на нелегално исечени огревни дрва. Б.К. и В.К. биле приведени во Полициската станица Крушево и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението на МВР.