Несовесен возач вчера во Тетово усмрти 73-годишен пешак, информираат од министерството за вантрешни работи.
– Вчера во 08.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, В.А.(35) од Тетово, управувајќи патничко возило „рено клио“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во пешакот Ј.К.(73) од Тетово. Повредениот пешак бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде им подлегнал на повредите, информираат од полицијата.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.