Вечер дезинсекција против комарци во Росоман – ММС
ММС

Објавено на: 08/7/18 7:15 AM

Вечер дезинсекција против комарци во Росоман

Подрачната единица на Центарот за јавно здравје Велес, од Кавадарци, вечерва ќе изврши дезинсекција за уништување на возрасните форми на комарци и останатите молестанти на територијата на општина Росоман.

Оттаму велат дека со дезинсекцијата ќе се спречи појавата на вектор-преносливи болести, кои ги пренесуваат комарците и други инсекти.

Апелираат до пчеларите навреме да преземат мерки за заштита на пчелите.

 

Извор:МИА