Шумските пожари во Северна Калифорнија се најголемите во историјата на државата – ММС
ММС

Објавено на: 08/7/18 6:55 AM

Шумските пожари во Северна Калифорнија се најголемите во историјата на државата

Шумскиот пожар во Мендосино, Северна Калифорнија, распламтен од сувите растенија и топлото и ветровито време,  е најголемиот во историјата на државата.

Пожарот, формиран од две огништа, веќе уништи 114.800 хектара и продолжува да беснее, соопштија локалните власти.

Од пожарите северно од Сан Франциско, уништени се 75 куќи  и  илјадници жители се евакуираат.

Околу 3.900 пожарникари, вклучително екипи од Аризона, Вашингтон и Алјаска се обидуваат да го совладаат пожарот.

 

Извор:МИА