Арапскиот новинар на Би-Би-Си, Аднан Елбурш и неговиот тим продолжија да емитуваат програма, иако не знаеја што ги чека подоцна и животот им беше во опасност. Извештајот беше емитуван во средата, за време на ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и палестинските милитанти.
Во еден момент, се слуша како презентерот му кажува на новинарот да го напушти местото ако неговиот живот е во опасност.
“Аднан, дали си добро? Ве молиме, престанете да емитувате програма ако сте во опасност. Ги гледам како таргетираат предмети што се директно спроти вас”, рече водителот на емисијата. Неколку секунди подоцна, проектил ја погоди зградата, кој целосно се сруши.
Извор: dnevnik.ba


