Вечерва пристигнаа 38.400 вакцини од „АстраЗенека“ во земјава, објави министерот Филипче – ММС
ММС

Објавено на: 05/14/21 10:10 PM

Вечерва пристигнаа 38.400 вакцини од „АстраЗенека“ во земјава, објави министерот Филипче

Вечерва во земјава пристигнаа 38.400 вакцини од производителот „АстраЗенека“, добиени преку Ковакс механизмот, објави на својот „Фејсбук“ профил министерот за здравство, Венко Филипче.

Вакцините ќе бидат наменети за ревакцинација и вакцинација на граѓани над 60 години. Министерот напиша дека количините постојано се надополнуваат и испрати порака за пријавување на граѓаните на веб-сајтот vakcinacija.mk