Веста за смртта на веројатно најголемиот фудбалер на сите времиња, во ноември минатата година предизвика огромна тага ширум светот. Од навивачи и љубители на спортот, до музичари, филмски ѕвезди, политичари, религиски водачи. Сите му оддадоа чест на ликот и делото на човекот кој ја надрасна самата игра и остави траен печат во светската историја.
Колку Диего Армандо, особено во животот на секој еден Аргентинец, влегол под кожа, кажува и презентацијата на мисот на Аргенина на Miss Universe натпреварувањето, Алина Луз Акселрад.
Аргентинската убавица помеѓу џет-сетот во Флорида, САД, се прошета во неверојатно невообичаен аутфит. Имено, Алина ги изненади присутните излегувајќи на модната писта облечена во фудбалски шорцеви со бројот 10 и своевидна реплика на дресот на фудбалската репрезентација на Аргентина со ликот на Диего Армандо Марадона.
-Мојот изглед е инспириран од чиста пасија која нас не обединува како народ. Од тоа кога излегуваме надвор да одговараме на прашањето „Меси или Марадона“, е тоа е Аргентина, изјави таа.
Дваесет и тригодишната манекенка ги остави сите нерамнодушни, а истовремено со оддавањето на честа ги придоби фудбалските фанатици и во Јужна Америка, но и на сите континенти.
-Немав привилегија да го гледам додека игра, но заедно со моето семејство ги рекреиравме преку приказни сите негови игри, голови и неговата маестралност на теренот. Тој носеше радост во животите на луѓето, додаде Алина.
Диего Армандо Марадона на 60-годишна возраст почина на 20 ноември, 2020 година, во Буенос Аирес.