Портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, истакна дека нападите на Израел врз Газа се предвесник на нови масакри, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Калин оваа реакција ја објави на својот твитер-профил.
„Нападите на Израел врз Газа се предвесник на нови масакри“, напиша Калин.
„Го повикуваме целиот свет итно да преземе одговорност против нелегалниот и окупаторски став на Израел“, додаде тој.
„Турција ќе продолжи да стои покрај палестинскиот народ“, истакна Ибрахим Калин, портпарол на турското Претседателство.