Надал во полуфиналето во Рим – ММС
ММС

Објавено на: 05/14/21 7:02 PM

Надал во полуфиналето во Рим

Во четвртфиналето на мастерсот во Рим, некрунисаниот крал на „земјата“, Рафаел Надал, го совлада со 6:3, 6:4 во два сета помладиот талентиран опонент и закажа полуфинале во италијанската престолнина.

Александар Зверев не успеа да го повтори неодамнешниот успех од Мадрид, а ретки се тие кои двапати по ред на силни турнири успеваат да го поразат тенисерот од Мајорка, особено на калливите површини.

Германскиот тенисер со руски корени во дуелот кој траеше два часа, се најде во инфериорна положба, неможејќи да возврати на наметнатата игра од Шпанецот, кој полека, но сигурно ја креваше формата во текот на двобојот.

Во кој правец ќе се движи четвртфиналната средба, беше јасно уште на самиот старт кога Надал направи два брејка и поведе со 4:0 во гемови. Во вториот сет ситуацијата малку поразлична. Зверев имаше три брејк топки за комплетно враќање во мечот и изедначување од 5:5, но не ги искористи и веднаш беше казнет.

Во полуфиналето во Рим, Рафаел Надал ќе се соочи со Американецот, Рајли Опелка.

 

 

 

Фото:

Twitter