Агуеро од следната сезона кај Меси во Барселона – ММС
ММС

Објавено на: 05/14/21 5:25 PM

Агуеро од следната сезона кај Меси во Барселона

Веројатно и најдобриот фудбалер во историјата на првакот на Англија, Манчестер Сити, по цели 10 години на „Етихад“ од лето ќе ја промени средината.

Како слободен играч, некогашниот фудбалер на Атлетико Мадрид повторно се враќа во Примера, овојпат во дресот на Барселона, пренесува „TyCSports“.

Аргентинскиот напаѓач ги договорил персоналните услови со тимот од Блауграна, а според медиуми во Шпанија ги намалил и финансиските барања, со цел да заигра со неговиот пријател и кум, Лео Меси.

Засега не се познати повеќе детали околу трансферот, но трансфер инсајдерите шпекулираат дека Кун ќе игра на „Камп Ноу“ до 2023 година. Стрелецот број еден во синиот дел на Манчестер, оваа одлука ќе ја соопшти на јавноста веднаш по одигрувањето на финалето во Лигата на шампионите помеѓу Манчестер Сити и Челзи.

Во Премиер Лигата, Агуеро постигна 182 погодоци, а 55 пати се оствари во улогата на асистент.

 

 

 

Фото:

thesportsrush.com