Со графити покриени натписите со говор на омраза во Струга – ММС
ММС

Објавено на: 05/14/21 4:17 PM

Со графити покриени натписите со говор на омраза во Струга

Активисти од клубот „Артивизам” при Младински образовен форум со графити ги покрија зборовите и симболите што содржат омраза, испишани на кејот на реката Црн Дрим и на зградата на поштата во Струга.

– Зборовите и симболите на омраза не смеат да бидат дел од јавниот простор. Толеранцијата е клучна за одржување на мирот. Но, и за економскиот и социјалниот напредок на сите луѓе, а тоа особено се однесува на општествата како нашето, кои се мултиетнички и мултикултурни, велат од Младински образовен форум..

Иницијативата, како што посочија, е со поддршка од Хелсиншкиот комитет за човекови права и ќе биде реализирана на повеќе локации низ градовите каде што се мапирани натписи и графити што содржат говор на омраза.

Зборовите и симболите на омраза, според Општина Струга, не смеат да бидат дел од јавниот простор во градот.

 

 

MИА