Државните шампионки во фудбал посакуваат настапи пред полни трибини (видео) – ММС
ММС

Објавено на: 05/14/21 4:00 PM

Државните шампионки во фудбал посакуваат настапи пред полни трибини (видео)

Втора година по ред фудбалерките на женскиот фудбалски клуб „Каменица Саса“ се државни шампионки. Тоа се 24 сениорки и уште 30-тина од подмладокот, кои делат еден терен заедно со уште 350 фудбалери од машкиот тим и помладите категории. Девојките секој ден поминуваат по близу два часа на тренинг на Градскиот стадион, делејќи го со останатите фудбалери во исчекување на најавената реконструкција. Градскиот стадион, така како што е изграден пред педесетина години, само еднаш е реконструиран. Шампионската титула фудбалерките ја дочекаа со најава од Општината Македонска Каменица дека започува реконструкцијата на трибините, по што ќе бидат поставени 1500 столчиња од ФФМ.

Повеќе можете да прочитате на Моја Општина