Членовите на неговото семејство и роднините дознале дека момчето Алиреза Фазели Монфаред (20) бил хомосексуалец кога бил ослободен од армијата поради неговата сексуална ориентација.
Алиреза наводно бил одведен од неговиот брат и тројца роднини во селото Боруми, во западен Иран, и убиен таму. После тоа ја повикале неговата мајка и и рекле дека го „завршиле“, пренесуваат британските медиуми
Убиениот млад човек претходно побарал милост од војската поради неговата сексуална ориентација, со цел да го напушти Иран и да се пресели во Турција, кај својот партнер, но кога на неговата адреса пристигнала потврдата за милост од војска, Алиреза не бил дома, па неговиот брат тогаш открил дека момчето било хомосексуалец.
Набргу потоа, неговиот брат отишол кај Алиреза и го одвел до Боруми изјавувајќи дека сакаат да разговараат. Таму, наводно, го убиле неговиот брат со неговите роднини, а потоа го обезглавиле, и го обесиле неговото тело на палма.
Мајката на Алиреза е хоспитализирана поради шок, додека убијците биле уапсени и чекаат судење за убиство.
Според медиумите, момчето од Иран веќе подолго време имало лоши односи со неговиот брат, кој често му се жалел на својот татко, за тоа како изгледа Алиреза и како се облекува, изјавувајќи дека е „срамота за семејството“.
Партнерот на Алиреза изјавил дека момчето сакало да го продаде својот телефон за да може да патува во Турција и да се пресели со него.
Некои медиуми од Иран објавија аудио записи што наводно ги направил Алиреза, во кои тој вели дека неговиот живот е во опасност „поради закана од неговото семејство“.
Во Иран геј луѓето се ослободени од воена служба.
Извор и фото: mondo.rs