Македонците ги спакуваа куферите и тргнаа за Грција – Каква е атмосферата утрово на „Богородица“ – ММС
ММС

Објавено на: 05/14/21 11:16 AM

Македонците ги спакуваа куферите и тргнаа за Грција – Каква е атмосферата утрово на „Богородица“

Откако официјално Грција соопши дека на 14. мај ќе се отворат границите за македонските државјани, некои граѓани веднаш ги спаковаа куферите и заминаа на море. И стасаа до граничниот премин Богородица.

– Имаше патници, но не многу и тие беа пропуштени. Извршена им беше пасошка контрола, отидоа на грчката граница, додека некои се уште си чекаат. Некои се вратија назад, изјави командирот на граничната полиција Јасминка Аврамска за ММС.

Исто така Аврамска соопшто дека преминот Богородица од денеса е пуштен за сообраќај, а за Евзони се уште нема официјален документ за пуштање на патничкиот сообраќај за македонски државјани.

– Граничнниот премин Богородица е отворен за патници, од друга страна за граничниот премин Евзони до сега немаме добиено званичен документ дека патничкиот сообраќај им е отворен, а товарниот сообраќај си фунцкионира, нормално без никакви проблеми, соопшти командирот на гранчниот премин Богородица.

Граничниот премин Евзони од минатата година фунцкионира за товарниот сообраќај и грчките државјани.

– Евозни е затворен од минатата година 2020 од средината на март месец. Овој граничен премин функционираа само за товарен сообраќај и патничкиот сообраќај за грчки државјани и државјани од другите земји кои што имаат регулиран престој во Грција, рече Јамина Аврамска пред новинарите на граничниот премин Богородица.

Ване Трајков