Калифорниската полиција уапсила 25-годишен возач поради возење на задно седиште во автомобилот Тесла модел 3, додека се движел на патот со помош на системот за автопилот.
Парам Шарма е обвинет за неодговорно возење и непочитување на службеното лице откако до полицијата стигнале повеќе пријави за лице кое седело на задното седиште, додека на местото на возачот немало никого.
Локалните медиуми известуваат дека полициската патрола забележала како возачот се преместува од задното на возачкото седиште, но тоа не му помогнало затоа што бил уапсен и обвинет, а возилото однесено во гаража.
Ова не е првпат Шарма да ја злоупотребува функцијата автопилот која подразбира возачот да седи зад управувачот подготвен да преземе контрола над возилото, а снимките од возењето, додека тој седи позади, веќе се појавија на Јутјуб.
Шарма дури поставил видео на кое се гледа како седи на задното седиште на Модел 3 и чита нешто во весниците во кое се зборува за неговото неодговорно однесување.
Извор: B92.net