Попладневната дремка му е неопходна на организмот: Постојат повеќе причини за тоа! – ММС
ММС

Објавено на: 05/14/21 9:38 AM

Попладневната дремка му е неопходна на организмот: Постојат повеќе причини за тоа!

Попладневната дремка за многумина е спас, додека за некои луѓе претставува губење време, особено во летниот период. Не воздржувајте се, бидејќи таа може да му донесе низа придобивки на нашето тело.

Дремката трае околу 45 до 60 минути, а освен што ги враќа силата и енергијата, овозможува  п зголемување на концентрацијата. Неодамна е направено истражување како на учесниците им било дадено да меморираат 90 поединечни зборови.

По задачата едната група отишла да „дремне“, додека другата гледала филм на телевизија. Студијата покажала дека испитаниците кои спиеле успеале да запаметат пет пати повеќе информации од другите кои гледале филмови. Од друга страна, попладневната дремка влијае на асоцијативното памтење памтење, односно на способноста за сеќавање на одредено место или случување. Меѓутоа, секако е важно да ги одморите и психата и телото.

Попладневната дремка секогаш може да ја надоместите со недостаток на сон во текот на ноќта, па ако некој ви приговори зошто спиете во текот на денот, сега ќе имате и добри аргументи за да ве остават на мир.

Фото:   pixabay.com

Извор:  pink.rs