(Видео) Почна офанзива од огромни размери на Изрел на појасот Газа – ММС
ММС

Објавено на: 05/13/21 11:43 PM

(Видео) Почна офанзива од огромни размери на Изрел на појасот Газа

Израелските копнени трупи сега им се придружија на воздушните сили во нападот на Појасот Газа, соопшти Тел Авив, без да наведе повеќе детали.

„Воздушните и копнените сили на IDF го напаѓаат појасот Газа“, соопштија израелските одбранбени сили на Твитер вечерва нешто по полноќ, по локално време.


Артилерија, тенкови и пешадија пукаат на Газа, но сè уште не ја поминале нејзината граница, известува репортерот на израелскиот јавен радиодифузер Кан 11.

Копнените трупи биле забележани како се распоредуваат на границата со енклавата во четвртокот, додека портпаролот на IDF потврдил дека се наоѓаат во „ различни фази на подготовка за операции на копно “.

Потполковник Јонатан Конрикус рече дека IDF формирала „дивизиски штаб и три маневарски бригади долу во  Газа, подготвувајќи се за ситуацијата и за разни непредвидени ситуации“.

 

 

 


Извор и фото: srbijadanas.com