(ВИДЕО) Борусија Дортмунд го освои германскиот куп – ММС
ММС

Објавено на: 05/13/21 11:02 PM

(ВИДЕО) Борусија Дортмунд го освои германскиот куп

Во финалето на Купот на Германија, Борусија Дортмунд убедливо и можеби над очекувањата го порази Лајпциг со резултат 1:4 и го освои посакуваниот пехар на „Олимпискиот стадион“ во Берлин.

Екипата од источна Германија креираше шанси, имаше повеќе посед од противникот, но Дортмунд во овие 90 минути играше крајно ефективно и не трошеше време пред голот на Петер Гулаши.

Уште во петтата минута Џејдон Санчо навести во кој правец ќе се движи финалето, откако по додавањето на Махмуд Дахуд ја затресе мрежата на унгарскиот голман. Норвешкото чудо во името на Ерлинг Халаннд, во 28-та минута истрча повеќе од 20 метри и буквално ја разнесе новата аквизиција на Баерн Минхен, Дајот Упамекано, постигнувајќи одличен соло гол.

https://www.youtube.com/watch?v=-jDOu809LC4

На крајот на полувремето, работите беа и повеќе од јасни. Санчо по втортпат се запиша во листата на стрелците, доближувајќи ги црно-жолтите до големиот трофеј. Во вториот дел Лајпциг се обиде да се врати во живот.

Дани Олмо во 71-та минута им даде трошка надеж на навивачите на ланскиот полуфиналист во Лигата на шампионите дека пресврт е можен. Сепак, Халанд по асистенцијата на Санчо при крајот на дуелот го оконча мечот и потврди уште еднаш дека овој тим на Борусија Дортмунд во перспектива е исклучително возбудлив.

Победата во големото финале за Борусија Дортмунд значеше и петти трофеј во купот во својата долга историја.

 

 

Фото:

Twitter /@BlackYellow

д.ј