(ВИДЕО) Возач предизвикал сообраќајна незгода во Ченто и побегнал, Интервентна го пресретнала кај Арачиново – ММС
ММС

Објавено на: 05/13/21 10:25 PM

(ВИДЕО) Возач предизвикал сообраќајна незгода во Ченто и побегнал, Интервентна го пресретнала кај Арачиново

Вечерва во скопската населба Ченто, возач предизвикал сообраќајна незгода удирајќи неколку возила и избегал од местото на незгодата, информираа неофицијално извори на mms.mk oд МВР.

Возачот и возилото се пресретнати од Интервентната единица кај Арачиново.

Повеќе официјални информации се очекуваат во текот на вечерта. Во меѓувреме, на социјална мрежа „Твитер“ се појави видео-материјал од превртеното возило и единици на МВР на терен.

 

Доцна вечерва со соопштение официјално информираше и МВР.

-Вечерва се ширеа лажни вести за наводна престрелка во скопската населба Ченто и дури лицитираат со повеќе убиени. МВР апелира до граѓаните да не наседнуваат на вакви подметнувања и да не веруваат на лагите, туку да се информираат од проверени информации. Во Ченто вечерва имаше сообраќајна незгода, а не престрелка, како што беше објавена лажна вест, информираа од МВР.