Иако Интер по 11 години за првпат го освои Скудетото во Италија, ситуацијата кај „нероазурите“ на утринскиот тренинг ескалираше, а тренерот Антонио Конте и аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез, влегоа во клинч.
Се разбира, фудбалерите на Интер и стручниот штаб решија да се пошегуваат на своја сметка и да ја решат ситуацијата настаната на вчерашниот дуел против Рома, каде што Лаутаро Мартинез беше видно изнервиран и разочаран од одлуката на Конте да го повлече од игра.
Па така, нивните соиграчи решија ова да го решат на „стариот добар начин“ – во боксерски ринг. Ромелу Лукаку беше главниот протокол мајстор и организатор на борбата. Во едниот агол, брзоногиот напаѓач, во другиот исто така со боксерски ракавици, Антонио Конте.
🥊 | INCONTRO
Nel frattempo, ad Appiano… 😂😂😂 pic.twitter.com/OHORbnPY8q
— Inter 🏆🇮🇹 (@Inter) May 13, 2021
Од италијанскиот клуб не ни дадоа до знаење кој е победникот во 12-те рунди, но едно е сигурно, атмосферата во сино-црниот дел од Милано е на едно високо и завидно ниво.
д.ј
Фото:
mundoalbiceleste.com