Египетскиот министер за надворешни работи, Самех Шукри и неговиот руски колега Сергеј Лавров денеска се согласија дека Израел треба да престане со нападите врз Појасот Газа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Во телефонскиот разговор двајцата дипломати изјавија дека Израел треба да го запре крвопролевањето“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Египет.
Бројот на загинати во израелските напади врз Појасот Газа достигна 83, меѓу кои 17 деца и 7 жени, а бројот на ранети изнесува 487.
Палестинските групи на отпорот на израелската полиција ѝ дадоа рок до 10 мај во 18:00 часот да се повлече од квартот Шеик Џарах и од комплексот „Ал Акса“ во окупираниот Источен Кудс (Ерусалим).
Израелската армија потоа соопшти дека започнала воена операција наречена „Чувар на Sидовите“ врз Појасот Газа.