Спортскиот директор на фудбалскиот клуб Војводина и поранешен тренер и фудбалски работник, Милан Косановиќ, на 50-годишна возраст ја загуби битката со Ковид-19, соопштија српските медиуми.
Поради компликации со вирусот, Косановиќ бил примен во Клиничко-болничкиот центар „Војводина“ во Нови Сад, но лекарите не успеале да го спасат неговиот живот и покрај силно вложените напори.
Косановиќ низ кариерата беше познат по тоа што беше „човекот во сенка“ и како асистент на Владан Милојевиќ во Црвена Ѕвезда и клубовите во Саудиска Арабија, но и како асистент на Вељко Пауновиќ во младата српска репрезентација која во 2015 година во Нов Зеланд стана светски првак, остави трага во домашниот фудбал во Србија.
Фото:
sportklub.rs