Внукот на Нелсон Мандела: Нема да одмораме сѐ додека светот не ја види слободна Палестина – ММС
ММС

Објавено на: 05/13/21 4:54 PM

Внукот на Нелсон Мандела: Нема да одмораме сѐ додека светот не ја види слободна Палестина

Звеливелиле Мандла Мандела, внукот на Нелсон Мандела, првиот демократски избран претседател на Јужноафриканската Република, истакна дека нема одмор сѐ додека светот не ја види слободна Палестина, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Внукот, кој учествуваше на демонстрациите одржани вчера во Кејп Таун, законодавната престолнина на Јужноафриканската Република, во знак на протест против нападите на Израел врз џамијата „Ал Акса“ и Газа, изјави дека длабоко жалат за тоа што се убиваат и затвораат Палестинците.

„Нема да одмораме сѐ додека светот не ја види слободна Палестина. Нема да молчиме против злосторствата извршени врз невини деца и жени во Палестина. Затоа денеска сме тука како едно семејство“, истакна Мандела, кој присуствуваше на протестите заедно со неговото семејство.

Меѓу другото, внукот на Мандела потсети и на зборовите на Нелсон Мандела: „Слободата на Јужноафриканците нема да биде целосна, сѐ додека Палестина не биде слободна.“