Дебела мачка мора итно на строга диета (Видео) – ММС
ММС

Објавено на: 08/6/18 2:28 PM

Дебела мачка мора итно на строга диета (Видео)

Во турскиот град Измир пронајдена е седумгодишна мачка,  која поради својата тежина од 19,2 килограми морала да биде подложена на строга диета.

Дирекцијата за ветеринарни работи во општина Карсијака соопштила дека мачката е хранета на улица и дека поради килограмите тешко се движи, по што била сместена во една поликлиника. Направен е здравствен преглед по што мачката е вклучена во програмата за губење на килограмите.


Со оглед на тоа дека стресот и дебелината се тесно поврзани, за мачката е специјално дизајниран кафез, во кој ќе може непречено да се движи.

Таа, благодарение на програмата, во првите седум дена почнала да губи тежина и ќе остане таму додека не оздрави.