Иако сексот би требало да биде еден вид релаксација и стимулатор на расположението, многумина имаат проблем во текот на односите, а тоа може да доведе до сексуална анксиозност.
Сексуалната анксиозност е еден вид препрека да уживате во сексуалниот однос, односно недоволното уживање во сексот поради ангажираност со прашања за начинот и квалитетот на односите, како и поради несигурноста во односот. Сексот не е физичка работа, возбудувањето е поврзано со емоцијата и мозокот, ако мозокот е премногу оптеретен, телото реагира негативно и нема сексуално возбудување.
Причини за појава на сексуална анксиозност може да бидат различни, а најчести се:
– незадоволството од сопствениот физички изглед
– потешкотии во врската со вашиот партнер
– страв дека не сте доволно добри во кревет
– загриженост за големината на половиот орган
– страв од прерана или предоцна еакулација
Причините се повеќе, а вистинската може самите да ја откриете.