Причините за премолчување на вистината може да бидат многу на број, но има неколку кои се најчести.
Преголеми очекувања
Ако очекувањата ви се превисоки, детето ќе се обиде да ви угоди и да ги задоволи очекувањата, па макар и со приказна. Нема да ја признае вистината, туку ќе измисли приказна за која најверојатно ќе мисли дека може да „пројде“.
Авторитетно воспитување
Ваквиот стил на воспитување е карактеристичен за родителите кои се воздржани кон децата, кои се строги и не толку често искажуваат нежност и љубов. Комуникацијата меѓу родителите и детето подлежи на правила. Авторитетните родители му поставуваат на детето превисоки цели со цел да воспитаат послушно дете. Родителите кои имаат ваков стил на воспитување праќаат порака до детето дека мора да соработува и користат притисоци со казни, срам и слично. Ваквото дете всушност е послушно, затоа што е присилено на тоа и неретко почнува да ја премолчува вистината и да лаже, не осмелувајќи се да им каже се’ на своите родители.
Совршени родители
Родителите кои за себе зборуваат се најдобро, се прикажуваат секогаш во најдобро светло, му создаваат на детето чувство на помала вредност или пак, грижа на совест бидјеќи не успеало да гo достигне нивото на своите родители. Со оглед на тоа дека совршен родител не постои, не вреди така да се однесувате. Покажете му на детето дека е човечки да се згреши, но и да се преземе одговорнст во таков случај. Од грешката детето би требало нешто да научи и да ја поправи штетата доколку може.
Несложни родители
Кога родителите не соработуваат и меѓу нив често има конфликти, детето може да почне да лаже во обид да ги смири или пак да го искористи тоа што тие не соработуваат, за да го постигне она што го сака. Особено е лошо доколку родителите пред детето зборуваат лошо еден за друг.
Лош пример
Родителот кој лаже, манипулира и се однесува на друг неприфатлив начин му дава на детето лош пример, кој детето веројатно ќе го следи бидејќи за него родителот е авторитет. Оној родител кој тоа не успева да го забележи, на ваквиот начин всушност го казнува своето дете.
Фото: Илустрација / Freepik
Извор: prakticanzivot.com