Досегашниот началник на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал Лазе Велковски не е разрешен, туку го исполни условот за пензионирање – 40 години работен стаж, со што работниот однос му престанува согласно Законот за внатрешни работи.
На негово место, со времено решение, е поставен Ветон Кранлиевски, државен советник во Кабинетот на министерот и долгогодишен вработен во Министерството за внатрешни работи.
Велковски пред да дојде на оваа функција, до август 2018 беше директор на Бирото за јавна безбедност, но на предлог на министерот Оливер Спасовски беше сменет, откако внатрешната истрага утврдила дека тој службеното возило го користел во приватни цели, за превезување на членови на фамилијата надвор од Македонија.
В.М.