Експертите кои работат на случајот за исчезнувањето на Меделин Мекен имаат нови докази кои би можело да ја зацврстат теоријата како тригодишното девојче во 2007 година го украл и убил 44-годишниот Кристијан Б.
Германскиот обвинител Кристијан Волтерс рекол: „Имаме нови конкретни докази кои би можеле значително да допринесат во случајот. Сеуште работиме на нив и не може да откриваме детали, но наскоро ќе ги објавиме. Доказите не се форензички, но одат во прилог на нашата теорија за убиецот. Оптимист сум дека ќе го решиме случајот“.
Додека полицијата смета дека се на добар пат, семејството вчера го одбележа 18 роденден на својата ќерка, 14 години после нејзиното исчезнување.
Меделин Мекен, тригодишно девојче исчезнало вечерта на 3. Мај 2007 година од својот кревет во станот во одморалиштето Праја де Луш, во португалскиот регион Алгарве.
Нејзините родители отишле на вечера со група пријатели – кои подоцна ќе бидат познати како Тапас Седам во ресторан оддалечен на 100 метри од апартманот.
Подоцна таа вечер Кејт Мекен отишла да ги види своите три деца, но Меди веќе не била таму. Полицијата и 60 гости во комплексот, до рано утрото го барале девојчето. Сите се кренале на нозе, но безуспешно.
Во март 2019 година Нетфликс го прикажале осмиот дел од документарниот филм за исчезнувањето на Меделин. Нејзините родители не учествувале во филмот.
Во јуни 2020 година полицијата открила дека 43-годишниот германски затвореник е идентификуван како осомничен за исчезнувањето на Меделин, пишува Би-Би-Си.
Извор: Стил.курир.рс