Не прифаќаме одвојување на Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ, порача Варвициотис – ММС
ММС

Објавено на: 05/13/21 10:35 AM

Не прифаќаме одвојување на Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ, порача Варвициотис

Европа мора да ги одржи ветувањата и не треба да има доцнење во пристапниот процес за Северна Македонија и Албанија, порача алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милитиадис Варвициотис од Делфи Форумот во Атина и паралелно истакна дека тие не се согласуваат со евентуално одвојување на Скопје и Тирана на патот кон ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина.

Заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров Варвициотис учествуваше на панел дискусијата и потенцираше дека „со приклучувањето на Албанија и Северна Македонија во ЕУ, Грција конечно ќе има копнени граници со други земји-членки“.

-Важно е процесот да почне веднаш за сите земји кандидати. Ние не сме расположени да прифатиме никакво одвојување меѓу Северна Македонија и Албанија, ова го гледаме како катастрофален пристап за регионалната стабилност, порача алтернативниот шеф на грчката дипломатија.

Додаде дека новиот процес на проширување од минатата година, „треба да биде веродостоен процес и треба да биде побрз процес во споредба со стариот“.

МИА