Главниот град на Мексико, Мексико сити тоне затоа што под него се наоѓа исушено езеро, тврдат научниците.
– Градот тоне десет сантиметри годипно и тешко е да се поверува дека тоа може да се запре. Овој феномен го воочија научниците уште на почетокот на минатиот век“, се наведува во заклучокот на студијата објавена во научниот магазин „JGR Solid Ert“.
Причина е подземното езеро кое остана без вода па пропаѓањето на градот изграден на површината се чини неизбежен.
Некои делови веќе паднаа под површината на исушеното езеро, а други се упште се држат над површината. Научниците тврдат дека постои се поголем ризик од пукање на површината што може дополнително да ја оштети инфраструктурата и да предизвика контаминација на преостанатите залихи на вода.
Извор: Mondo.rs
фото: wikipedia