Последните неколку години се зборува во Белата Куќа дека ќерката на Трамп Тифани и снаата Ванеса имале интимни односи со своите чувари.
Новинарката Карол Лиониг напишала книга со наслов „ Zero fail:The Rise and Fall od the Secret Service“, во која всушност ги споменува имињата Тифани и Ванеса.
Таа открила како Ванеса и Тифани биле интимни со агентите на Тајните служби, кои биле задолжени за чување на семејството додека Доналд Трамп беше претседател на САД.
Како што пишува „The Guardian“, Ванеса ја започнала врската со еден од агентите кој се грижел за безбедноста на Доналд Трамп помладиот, неа и нивните две деца. Не е познато како дошло до аферата, но Ванеса во март 2018 година поднесла барање за развод.
Како што напишала Карол, агентот не добил отказ, ниту имало некакви последици во професионална смисла.
Од друга страна Тифани се сплеткала со друг агент, со кој се забавувала долго време. Од тајната служба, пишува во книгата, „биле загрижени колку Тифани се зближила со високиот, црн и згоден агент“.
На агентите им е забрането да имаат интимни односи со лицата кои ги штитат.
Извор: Нова.рс/Фото: Профимедиа