Како да одберете совршено зрела лубеница?! – ММС
ММС

Објавено на: 08/6/18 2:04 PM

Како да одберете совршено зрела лубеница?!

Вечната дилема како да ја одберете најдобрата лубеница може да биде многу лесно решена. Ако не сте од оние кои со еден или два прста удира во лубеницата, тогаш пробајте трик со бојата на дршката  што се поврзува со стеблото.

Местото каде што лубеницата била поврзана со нејзиното стебло додека растела може да ви каже многу за зрелоста на лубеницата и тоа дали е подготвена за јадење.

Овој дел треба да биде со бледо жолта боја, бидејќи доколку е во зелена боја тогаш лубеницата не е доволно зрела и наместо вкус на лубеница ќе има вкус на краставица. Доколку има светло жолта боја, тоа може да биде знак дека лубеницата е презреана. Затоа секогаш бирајте ја онаа лубеница чија дршка има приближно боја на путер.