Од утре во Грција можат вакцинираните под утвредни услови, Црна Гора нуди бесплатни тестови за туристите – ММС
ММС

Објавено на: 05/13/21 8:04 AM

Од утре во Грција можат вакцинираните под утвредни услови, Црна Гора нуди бесплатни тестови за туристите

Грција утре (14 мај) се отвора за странските државјани, односно за туристите, од кои дел уште од минатата година направиле резервации. Грција тоа го нарекува „скок кон нормалноста“, во кој е вклучено и намалување на часовите со забрана за сообраќај. Како што најави вчера заменик министерот задолжен за координација на работата на владата, Акис Скерцос,се отвораат и продавниците и рестораните.

Малопродажбата се враќа во функција без досегашната пракса на закажување, но со почитување на здравствените протоколи во врска со бројот на клиенти што може да ги прифати истовремено (еден клиент на 25 кв.м.). Забраната за музика во рестораните, останува во текот на целиот месец мај.

За движење на граѓани кон и од островите, „грчката верзија“ на зелениот  сертификат (потврда за примени вакцини) ќе важи во наредните месец и половина.  Тоа значи дека секој што сака да патува од и до островите, со исклучок на Лефкада, Евија и Саламина, или со брод или со авион, со резервација на билет мора да имате или потврда за вакцинација, при што втората доза на вакцина е дадена најмалку 14 дена пред патувањето, или негативен ПЦР тест – молекуларен тест до 72 часови или брз / авто-тест до 24 часа – или да имате потврда за прележан ковид два до девет месеци пред патувањето. За копнено меѓурегионално патување, се препорачува редовно само-тестирање .

  • или потврда за вакцинација (14 дена по 2-та доза)
  • или 72-часовен тест
  • или брз тест
  • или 24-часовен само-тест
  • или доказ за pпрележана болест.

Контролата ќе ја вршат авиокомпаниите и бродските компании и сите домашни и странски патници над 5 години ќе бидат обврзани на овие документи.

Грчките власти сепак предупредуваат дека „поголема слобода значи поголема одговорност за сите нас“ и побара внимателно однесување, со цел да се подобри епидемиолошкиот профил на земјата.

Во Црна Гора од денеска тестот за ПЦР ќе биде бесплатен за сите туристи кои треба да се вратат во своите земји, објави црногорското Министерство за здравство.

Министерката за здравство Јелена Боровинини Бојови повеќе претходно изјави дека на сметка на државата ќе се обезбеди болничко лекување за сите туристи кои на крајот ќе се заразат со Ковид-19 за време на престојот во Црна Гора и ќе им биде потребна хоспитализација.

kathimirini.gr