Застрашувачката снимка го покажува моментот кога тераса полна со луѓе одеднаш се сруши во Малибу, Калифорнија.
„Слушнавме пукање и буквално ги видов моите најдобри пријатели и девојка како паѓаат скоро пет метри на карпите“, изјави сведокот за CBSLA.
Четири лица се хоспитализирани, две се во критична состојба, додека пет лица добиле помош на лице место. За чудо, никој не загина, пренесува Индипендент.
Shocking video of the moments a balcony collapses in #Malibu injuring several people. #CBSLA https://t.co/6lEnD4DxkW pic.twitter.com/1dhVsPWhi9
— Mike Rogers (@MikeRogersTV) May 9, 2021
– Терасата одеднаш се сруши. Можеше да биде многу полошо, но сепак е ужасно – додаде сведокот.
Сопственичката на куќата на плажа за медиумите изјави дека ја изнајмила за гости за викендот, но дека ги предупредила да не прават забави. Куќата има капацитет за најмногу шест лица.
Кога нејзините соседи и рекле дека има околу 30 лица во куќата, таа почнала да паничи да ги повикува станарите. За три часа, како што рече, повеќе пати ги замолила гостите да заминат, но без успех.
Околу 17 часот, 15 минути по последниот повик, терасата се сруши.
Пожарникарите рекоа дека сега не е можно да се живее во куќата.
Извор: republika.rs