Лазе Велковски не е веќе началник на организиран криминал во МВР, а се шпекулира дека на неговото место ќе биде Ветон Кранлиески.
Извори на ММС од МВР неофицијално потврдија дека Велковсќи веќе не е на таа функција, но без детали, односно не потврдија дали тој е разрешен или пензиониран.
Велковски пред да дојде на оваа функција, до август 2018 беше директор на Бирото за јавна безбедност, но на предлог на министерот Оливер Спасовски беше сменет, откако внатрешната истрага утврдила дека тој службеното возило го користел во приватни цели, за превезување на членови на фамилијата надвор од Македонија.