Френк Лампард од лето се враќа во Лондон и во Премиер Лигата – ММС
ММС

Објавено на: 05/12/21 9:19 PM

Френк Лампард од лето се враќа во Лондон и во Премиер Лигата

Шест месеци по отказот во својот Челзи, еден од најдобрите англиски фудбалери во историјата и екс-тренер на Дерби Каунти, Френк Лампард, на чекор е до нов ангажман и тоа во Премиер Лигата.

Според информациите од Англија, Кристал Палас е сериозно заинтересиран за неговите тренерски услуги и во него екипата од Лондон гледа перфектна замена за Рој Хоџсон, кој по завршувањето на оваа кампања ќе се пензионира од професионалниот фудбал.

Сопственикот на „орлите“ од „Селхрст Парк“, Стив Периш, не само што сака да внесе свежина во стручниот штаб, туку сака и коренита промена на пристапот и начинот на игра на Кристал Палас. Во него, Периш гледа стратег со напаѓачки идеи и тенденции и токму поради тоа Лампард е број еден на листата на кандидати за столчето на клубот од јужен Лондон.

Лампард на клупата на „сините“ беше 18 месеци, а во првиот мандат успеа со Челзи да се квалификува во Лигата на Шампионите и покрај трансфер-банот, но се чини дека неговиот најголем успех претставува интеграцијата на младите играчи од академијата во првиот тим (Абрахам, Маунт, Џејмс, Томори, Хадсон-Одои, Гилмор).

 

 

 

Фото:

skysports.com