Дваесет и четири часа откако започна интензивната потрага по 39-годишниот беровчанец, Александар Черговски е пронајден жив и со него е воспоставен контакт, известуваат од неговото потесно семејство.
Черговски, кој живеел во Германија, Берлин, последен пат бил забележан на 18.02.2021 година при влез во Македонија на граничниот премин Табановце.
Радосната вест ја сподели неговиот внук, Кирил Черговски, кој на социјалните мрежи им се заблагодари на сите за напорот и помошта искажана при самата потрага.
-Почитувани пријатели, сакам на сите да ви се заблагодарам за секое споделување во врска со мојот чичко Александар, со помош нас вас успеавме во рок од 24 часа да го пронајдеме и воспоставиме контакт. Ви благодарам на сите уште еднаш за секоја ваша споделена објава и искажана молитва. Господ е голем, ви благодарам уште еднаш, се вели во објавата на внукот Кирил Черговски.