Ajакс по 35-ти пат ја покори Холандија и го крена шампионскиот трофеј, а со победата во последното коло над вечниот ривал Феенорд, само ја оконча доминацијата во домашното првенство.
Со освоени 82 поени и 14 бодови предност пред вториот ривал од Ајндховен, ПСВ, на две кола до крајот екипата од Амстердам ја ужива репутацијата на најголем клуб во земјата. Но, победничкото чувство за фудбалерите, стручниот штаб, раководството на клубот, не е комплетно. Недостасува еден елемент, објективно изоставен поради пандемијата на коронавирусот и здравствената ситуација ширум светот.
Навивачите на Ајакс кои со сигурност се едни од најзвучните во Европа, од своите домови како и сите останати сезонава го следеа својот миленик, а Ајакс и во славеничките моменти никако не заборави на нив и нивниот огромен придонес во создавањето на успехот.
Piece of victory
Piece of history
Piece of AjaxLiterally. For you. 🎖#XXXV pic.twitter.com/Bllbh9M4tA
— AFC Ajax (@AFCAjax) May 12, 2021
Фудбалерите на Ајакс буквално го стопија шампионскиот трофеј, претворајќи го во 42.000 сребрени ѕвездички кои беа поделени на навивачите што поседуваат сезонски карти, а беа попречени од присуство на „Јохан Кројф“ Арената. На тој начин, Ајакс им оддаде чест на најверните, чија помош беше и повеќе од потребна во изминатата календарска година.
Зошто Ајакс е голем клуб? Одговорот претпоставувам дека сите го дознавме.
Фото:
д.ј