Роднини, пријатели и деца денеска се простија од Елвира Игнатијева (26), наставничката по англиски јазик која настрада во вчерашниот напад на училиштето во Казањ во Русија.
Децаа со ружи во рацете, плачејќи поминувале покрај ковчегот на омилената наставничка, која денеска беше погребана на градските гробишта.
Елвира го загубила животот штитејќи дете од убиецот, кој влетал наоружен во училиштето и почнал да убива деца. Храбрата наставничка излегла во ходникот во моментот додека вооружениот Илназ Галјавијев го потегал оружјето и пукал се пред себе. Во последен момент успеала да го повлече детето кое се нашло на мета на Галјавијев и го заштитила со своето тело.
Несреќната Елвира добила смртоносен куршум и останала беспомошно да лежи во ходникот на училиштето додека децата во паника скокале низ прозорците за да си го спасат животот.
Извор: Телеграф.рс/Фото: Инстаграм
Преведено: М.П.Насковска