Продолжен притворот на Камчев за 30 дена, мерка притвор и за Груевски – ММС
ММС

Објавено на: 05/12/21 2:50 PM

Продолжен притворот на Камчев за 30 дена, мерка притвор и за Груевски

Откако денеска ОЈО ГОКК, поднесе обвинение за случајот „Плацеви на Водно“, Кривичниот суд Скопје го прифати предлогот Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, (ОЈО ГОКК) за одредување мерка притвор, односно продолжување на притворот за лицето Јордан Камчев, осомничен во случајот „Плацеви на Водно”.

Освен за осомничениот Камчев, судот му определи мерка притвор од пронаоѓање односно лишување од слобода и на првоосомничениот Никола Груевски. Мерки на претпазливост за како што известија од судот им биле определени и на осомничените Н.Ј. и Р.К.К.

Обвинителениот акт од ОЈО ГОКК за случајот „Плацеви на Водно” e поднесен против 6 лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела Перење пари и други приноси од казниво дело по чл. 273 ст.1 како и Противправно стекнување и прикривање имот од чл. 359-1 ст. 1 од КЗ за еден од обвинетите. Обвинението согласно АКМИС – системот е распределено на оценка на совет за оценка на обвинител акт за понатамошно постапување, соопштија од Кривичен суд.

МИА